

БИТ КРАФТ е ИТ фирма регистрирана како правно лице во градот Прилеп, во Македонија. Да, веројатно веќе забележавте, си го сакаме градот 🙂
Нашиот фокус е на веб дизајн (во главно, но не ограничено на WordPress), графички дизајн и видео едитирање/обработка. Наскоро планираме да понудиме и анимациски услуги, затоа бидете во тек.
Сакаме да се забавуваме додека работиме. Не сакаме да остануваме сериозни многу долго, бидејќи забавата нѝ помага во креативноста, и тоа многу, навистина многу. Обично многу се забавуваме и кажуваме доста вицови додека работиме, па можете да бидете повеќе од сигурни дека насмеани лица биле пред екранот додека сме го крафтале вашиот производ.
Кога веќе спомнавме “крафтинг“, сигурно малку ви е чуден зборот, нели? 🙂
Е па, еве ја кратката приказна позади значењето на името на фирмата: БИТ КРАФТ. Спој е од два збора. БИТ, како што веројатно знаете, е најмало парче информација. КРАФТ, звучи како англискиот збор “craft”, што значи „занает“, но е напишан како “KRAFT“, што всушност е збор на германски, кој значи „сила“, или „моќ“. Па, кое значње го има? И двете. КРАФТ во БИТ КРАФТ ги има и двете значења, од англиски и германски, спојувајќи ги нивните карактеристики. Моќен занает во кој се користи моќта и силата на битот како градиво. Ах, исто така помага името на фирмата да има идентичен запис со кирилично, како и со латинично писмо 🙂
Ресурси кои можеби ќе Ви притребаат (кликнете ги за превземање)
Доколку Ви е потребна друга димензија, резолуција, формат итн., или Ви е потребна векторска верзија од нашето лого, Ве молиме контактирајте со нас.