Структура на веб сајтот

Потребно е да нѝ ја испорачате посакуваната структура на содржините за Вашиот веб сајт. Ова е описен документ кој ја опишува структурата и распоредот на страните, под-страните итн. Може да е нумерирана листа во текстуален документ или дијаграм (да, може и да е рачно нацртан дијаграм).
Можеме да ви предложиме структура за вашиот веб сајт, но секоја дополнителна измена која ќе ја побарате, дополнително се наплаќа. Ве молиме контактирајте со нас за да добиете понуда

Нумерирана листа во текстуален документ
Дијаграм (генериран од софтвер, или рачно нацртан)

Содржини за веб сајтот

Потребно е да нѝ испорачате содржина за страните на веб сајтот. Треба да е еден или повеќе текстуални документи (Notepad [.txt], Word [.doc or .docx], Writer [.odt] etc.)
Доколку вметнувате слики во содржините, Ве молиме повикувајте се на името на сликата на местото каде сакате да се вметне сликата. Може исто да се повикувате и на YouTube video URL или други online содржини кои сакате да се вградат (ембедираат).
Можеме да понудиме пишување на содржини за вашиот веб сајт за дополнителна доплата. Ве молиме контактирајте со нас за да добиете понуда.
Доколку нѝ доставите содржини кои треба да ги препишуваме поради некоја причина (пр. од слика или тетратка), тоа е прифатливо, но со дополнителна доплата од 1,25 денари по знак (Ве молиме имајте во предвид дека празни места, интерпункциски знаци, броеви итн. се бројат како знаци).
Доколку Ви е потребен превод на содржините, можеме да понудиме и услуга за преведување, за дополнителна доплата. Ве молиме контактирајте со нас за да добиете понуда.

Структура на содржините – текст
Текстуална содржина со повикување на мултимедијални содржини

Мултимедијални содржини

Потребно е да нѝ испорачате слики, видео и/или аудио содржини кои би сакале да се постават на веб сајтот.
Вообичаено сме во можност да набавиме одреден дел или сите потребни мултимедијални содржини потребни за вашиот веб сајт, за дополнителна доплата. Ве молиме контактирајте со нас за да добиете понуда.

Мултимедијални содржини

Забелешки

Ве молиме организирајте ги содржините соодветно на дефинираната структура на веб сајтот. Ако добиеме неорганизирани содржини, ќе наплатиме дополнително за потребното време за да ги организираме содржините според соодветната структура.

Ако ви се потребни совети или имате прашања околу материјалите кои е потребно да нѝ ги испорачате, како и околу тоа како да ги организирате, ве молиме слободно да контактирате со нас и ние ќе се потрудиме да Ви помогнеме – без дополнителна наплата. 😀