БИТ КРАФТ создава веб сајтови кои:

Ја Пренесуваат Вашата Порака
Имаат Чист и Едноставен Интерфејс
Се Брзи и Оптимизирани
Се Природни На Телефонските Екрани
Се Компатибилни за SEO, Социјални Мрежи и Корисници
Се Визуелно Привлечни
Се Лесни За Користење, Но Со Напредни Можности
Се Безбедни


WordPress платформата ја олеснува работата на сите. Одлично е изградена, постојано се проширува, силно е поддржана, нашироко користена, безбедна… Таа е бр. 1 за дизајн и изградба на веб сајт кој лесно се одржува.

39.6% од Интернетот (64.1% од светот на CMS) не може да згрешиле!


Нашата работа нека даде препораки


Ценовник (приближно)

Ве молиме имајте во предвид дека ова се илустративни цени. Цената која ќе Ви се понуди ќе отстапува во зависност од тоа што Ви е потребно, ќе побарате и очекувате од вашиот веб сајт, како и од други фактори.

*Во прикажаните цени не е пресметан трошок за домен и хостинг.

Основен веб сајт

За мали фирми
12.500ден.
  • Почетна страна
  • Основни информации
  • Неколку слики
  • Основна поддршка за SEO
  • Контакт форма
  • CMS




Процесот од контакт до веб сајт

Отпочнувате контакт со нас, нѝ кажувате кои се вашите барања, потреби и очекувања од вашиот веб сајт. Колку повеќе детали ќе нѝ дадете, толку подобро.

Ве контактираме со понуда базирана на податоците кои сте нѝ ги дале. Може да Ве контактираме пред да доставиме понуда, со цел да побараме повеќе информации.

Ја прифаќате или одбивате нашата понуда. Можно е да Ве контактираме дополнително со различна понуда за која сме процениле дека можеби повеќе Ви одговара. Доколку одбиете и втора понуда, нема повеќе да ви испраќаме понуди, освен ако конкретно самите не го побарате тоа.
Ако ја прифатите понудата, ќе продолжиме на Чекор 4.

Ќе потпишеме правна форма (договор) кој ги регулира правата и обврските на двете страни. Потоа нѝ ги доставувате сите потребни податоци, како вашето лого, слоган, текстови, слики, видеа, линкови итн., кои треба да ги имплементираме во вашиот веб сајт. Ќе продолжиме на Чекор 5 само откако ќе нѝ ги испорачате сите потребни податоци и 30% од договорената сума е уплатена однапред.

Го креираме вашиот сајт и Ве контактираме за да го прегледате. По прегледот, нѝ го кажувате вашето мислење, за да ги направиме корекциите кои евентуално ќе ги побарате. По вршењето на корекциите го тестираме сајтот и побаруваме и Вие од ваша страна да го направите истото. Доколку се пронајдат грешки или неисправности истите ги поправаме и го повторуваме процесот на тестирање. Откако овој чекор ќе заврши, ќе побараме уплата за останатите 70% од договорената цена, по што ќе Ви ги испорачаме сите податоци кои Ви се потребни за пристап и контрола на вашиот веб сајт.

Ве обучуваме Вас или личноста која сте ја назначиле, за користење, надградба и одржување на Вашиот веб сајт.


Ќажете нѝ што Ви треба и ќе Ве контактираме со понуда.

Без никакви обврски.

Забелешка за приватност

Сите податоци кои ќе ги внесете во оваа форма ќе бидат употребени исклучиво за комуникација помеѓу БИТ КРАФТ и Вас, само во врска со она за што сте нѝ пишале.

Нема да споделиме никаков податок од оваа форма со ниту една трета страна, ниту ќе Ве додадеме на наша сопствена мејлинг листа. Не сакаме да добиваме спам и затоа не спамираме. Толку едноставно, за да е фер.