неозбилно-насловна

НЕОЗБИЛНО – 8 НАЧИНИ ДА СЕ НАСМЕЕТЕ!

Неодамна го стартувавме и сèуште експериментираме со нашиот нов неозбилен портал за хумор (и по малку сатира) – НЕОЗБИЛНО!

На НЕОЗБИЛНО главно ќе наоѓате неозбилни работи, шеги, смешни слики и видеа, кромид вести, но и забавни и научни содржини кои го прават животот поинтересен.

Неозбилно - институт за слики
Неозбилно – институт за слики

Често ќе пренесуваме смешни, интересни, но и едукативни објави и видеа од социјалните мрежи и YouTube. На овој начин, преку нашиот нов портал, ќе дадеме и наш удел во промоцијата на страните, групите и каналите од кои ќе ги пренесуваме тие содржини. Иако примарната цел на НЕОЗБИЛНО е да ја намсее својата публика, нашата секундарна цел е и едукацијата. Ќе делуваме и на ова поле, но само кога е тоа интересно, бидејќи сметаме дека учењето треба да е забава, спротивно на она што од секогаш нѝ било кажувано.

Зошто НЕОЗБИЛНО?

Затоа што на сите нѝ е смачено од сериозност, а убавината на животот е во смеата и радоста. Или како што велиме во секцијата „ЗА НАС“: Сакаме да се забавуваме додека работиме. Не сакаме да остануваме сериозни многу долго, бидејќи забавата нѝ помага во креативноста, и тоа многу, навистина многу. Обично многу се забавуваме и кажуваме доста вицови додека работиме, па можете да бидете повеќе од сигурни дека насмеани лица биле пред екранот додека сме го крафтале вашиот производ.

За НЕОЗБИЛНО сеуште сметаме дека е во завршна развојна фаза. Можно е да преименуваме или отстраниме категории, но сето тоа со цел да овозможиме што подобро корисничко искуство и повеќе и поквалитетно смеење.

Кои се 8-те начини да се насмеете?

Многу едноставно. Секоја од 8-те несериозни категории, може да ве насмее на различен начин и за различна причина …и тоа повеќе пати.

Како што рековме, можеби квантитативно ќе има повеќе или помалку категории (значи – причини), но сето тоа е со цел да се зголеми квалитетот. Секако, отворени сме за предлози.

Имате неозбилен предлог?

Секогаш сме тука за вас. Ако имате неозбилна идеја или предлог, тука сме да ве чуеме …па добро, да прочитаме што сте нѝ пишале 🙂

Во секое време, пишете нѝ преку контакт формата. Не се правиме важни, ќе ви одговориме. Па всушност, ќе Ви одговориме дури и ако одлучиме да се правиме важни, бидејќи всушност, сме многу важни, иако можеби тоа не се познава во моментов 🙂

НАЈОЗБИЛНО

Можеби звучи чудно, но колку и да се занимава еден веб портал несериозности, повремено животот носи и сериозни ситуации. Токму затоа ја создадовме и категоријата „Најозбилно“.

Овде не планираме често да обработуваме сериозни теми, иако повремено можно е и тоа, примарната намена на оваа категорија е да служи за објавување на повици за донации за добротворни цели, помагање на спортисти или други талентирани личности да стигнат до успехот, како и за повици за донации за лекување.

Ако имате потреба од некаква помош за која што сметате дека јавноста може да помогне со донации или на било каков друг начин, слободно контактирајте со нас и ние ќе објавиме статија со која ќе ја повикаме јавноста на помош.

Се надеваме дека во оваа категорија почесто ќе има потреба објавуваме повици за убави и позитивни работи, отколку за лекување, но тука сме за било каква помош која било кому можеби му е потребна.

Реклами?

Секако дека има и ќе има реклами, мораме некако да го финансираме порталот, нели?

Но, даваме чесен неозбилен збор дека ќе се трудиме да нема повеќе реклами, отколку содржини, како на некои други места.

Доколку сакате да рекламирате ваша фирма, производ или услуга, контактирајте со нас преку маркетинг формата на порталот – овде. На истото место ќе можете да ги видите и цените (додека ги нема, сеуште се дискутабилни, но искористете го моментот, бидејќи додека се дискутабилни, се и пониски 😉 )

Правила и политики

Не сме големи љубители на правила, а посебно не на политики, но имаме некои 🙂

Секако дека поголемиот дел од содржините се „јавна сопственост“, но имаме и авторски текстови. Превземањето е во главно дозволено во дел или целосно, во зависност од видот на содржината. Најважна нѝ е фер играта. Кога превземаш нешто, убаво е да линкуваш до изворот.

Но, да не комплицираме овде. Ако Ве интересираат повеќе детали околу превземањето на содржини, слободно посетете го линкот Политика за превземање. Придржувајте се до тоа и сите ќе си останеме среќни 🙂

Завршни зборови

Ами, тоа е тоа. Овде завршува текстот. Останува уште да Ви се допадне порталот и да се смееме заедно.

п.с. Не срамете се да ги оценувате содржините со по некоја (пожелно сите пет) ѕвездичка, кои се наоѓаат под секоја неозбилност.

п.п.с. Најважно – СПОДЕЛУВАЈТЕ! Бидејќи шеринг из керинг! Колку повеќе луѓе се насмеале, толку повеќе сме ја постигнале заедничката цел – насмеани лица 😉